понеделник, 15 декември 2025

Мисијата на ОБСЕ во Скопје со поддршка на заложбите за родово сензитивни парламенти

Комисијата за еднакви можности на жените и мажите одржа работна средба со Душко Тодороски, претставник од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Собранието, тема на средбата биле заложбите од Хелсинки за родово сензитивни парламенти во регионот на ОБСЕ.

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Жаклина Пешевска, се заблагодарила за поддршката на ОБСЕ и информирала дека заложбите произлегуваат од јунската работилница во Хелсинки, Финска, за „Остварување на родовата еднаквост во и преку парламентите“, каде учество зедоа 16 парламенти и експерти од целиот свет.

Душко Тодороски истакнал дека во изминатите 30 години има голем напредок во унапредувањето на родовата еднаквост во рамките на Парламентите, кога земјите-членки во ОБСЕ тројно ја зголемија просечната застапеност на жени пратенички, достигнувајќи 31,6%. Сепак, остануваат многубројни предизвици, и токму затоа се упатува апел за обновена заложба кон глобалната агенда за родово сензитивни парламенти и кон родова рамноправност, како трајна норма и принцип на владеење. Во таа насока се препорачуваат 12 мерки, како патоказ за националните парламенти во регионот на ОБСЕ.

Тодороски информирал дека Мисијата на ОБСЕ во Скопје во овој период работела и на две други области во рамките на Собранието, и тоа: зајакнување на административната структура во делот еднакви можности во насока на посилна поддршка од службата за пратеничките и на донесување нов кодекс за етичко однесување на пратениците, со воведување мерки за регулирање еднакви можности во насока на превенција од насилство на жените во политиката.

Пратеничките упатиле благодарност до ОБСЕ како континуиран партнер во заложбите за еднаквост на жените и мажите, со намери за попрогресивна и поплодна соработка во иднина на ова поле, со цел жената да не биде само број.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ