понеделник, 15 декември 2025

Мишко Ралев од СДСМ му се приклучи на тимот на Орце Ѓорѓиевски

Професорот Мишко Ралев, истакнат член на СДСМ и еден од можните кандидати на партијата за градоначалник на Скопје во претходните изборни циклуси, од сега ќе делува како дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски.

Објавено на

часот

Сподели

Информацијата ја сподели Ѓорѓиевски на својот профил на Фејсбук, оценувајќи го приклучувањето на Ралев како „голема чест и искрена благодарност“.

Ѓорѓиевски нагласи дека Ралев со своето богато искуство, визија и интегритет претставува силна поддршка и дополнителна мотивација за неговиот тим, кој, како што посочи, работи на визијата за „поубаво и современо Скопје“.

„Академската заедница и научно-истражувачката дејност на реномираните професори секогаш ќе имаат отворена врата и заслужено место во визијата за напредно Скопје“, напиша Ѓорѓиевски, најавувајќи интензивна соработка со академската фела.

Тој ја заврши објавата со пораката дека заедно со Ралев ќе работат Скопје повторно да го направат „достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ