Министерот Мисајловски ќе се сретне со својот колега, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун, а се очекува и средба со други високи лица од одбранбениот сектор.
На саемот ИДЕФ 25, во придружба на министерот Мисајловски ќе биде и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
На саемот македонската делегација ќе се запознае со најновите технологии во областа на воената индустрија и ќе оствари контакт со голем број компании од оваа област, што е исклучително значајно, имајќи го предвид процесот на модернизација и опремување на Армијата и исполнувањето на НАТО- целите на способности.






