На средбата, како што информира Министерството за одбрана, беше истакната долгогодишната активна одбранбена соработка базирана на заедничката визија за одржување на стабилноста и безбедноста на регионот и развојот на двете земји.
„Продолжуваме да го јакнеме партнерството преку размена на знаење и стручност во сите области, беше заклучено на средбата.

Министерот Мисајловски се осврнал и на последната нова и софистицирана опрема која стана дел од арсеналот на Армијата – хаубиците „боран“ од турско производство кои се дел од декларираната артилериска батерија на Лесната пешадиска баталјонска група. Притоа истакна дека: „македонската Армија е убедена во квалитетот на турската воена индустрија“ и упатил благодарност за континуираната поддршка од страна на Турција особено во развојот на армиските капацитети.
„Македонската Армија минува низ досега најинтензивен процес на модернизација и опремување, што несомнено е инвестиција во безбедноста на македонските граѓани. Посилна Армија значи и посигурна и побезбедна колективна одбрана во НАТО“, рече министерот.
Вчеравечер, во рамки на посетата на Турција и учеството на саемот за воена индустрија ИДЕФ 25, министерот Мисајловски се сретна и со претседателот на Агенцијата за одбранбена индустрија на Турција, Халук Ѓорѓун со кого разговарале за развојот на воената индустрија и потребата од зголемени инвестиции во оваа област, како начин за зацврстување на безбедноста на сојузниците.
„Турската воена индустрија е од интерес за македонската одбрана, особено имајќи предвид дека Армијата веќе се опреми со шест нови хаубици 105 mm и придружна опрема од компаниите Боран и Аселасан кои неодамна беа промовирани на македонската јавност“, се вели во соопштението.






