четврток, 25 декември 2025
Локални избори 2025

Мисајловски: ДУИ е поразена, СДСМ нека не бара алиби

ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на огромна победа, разликата е некаде 3:1, има општини кадешто е 6:1, 7:1, а има општини кадешто е 10:1, а во некои општини СДСМ е трета партија. Досега веќе се одбраа градоначалници во Кисела Вода, во Охрид, во Радовиш, Берово, Ѓорче Петров, во Гази Баба, во Пехчево, во Делчево, во Прилеп, во Битола, Гевгелија, Сопиште, Штип, во Велес, Бутел, во Аеродром, во Јегуновце, во Вевчани, и на многу други места, изјави вечерва Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Што се однесува за ДУИ, очигледно дека се декласирани, Али ќе има време да си го анализира својот пораз. Оваа победа е резултат на многу работа, посветеност и одобрување на политиките кои ги водиме. Македонија избира да оди напред, а не да се враќа назад, благодарам Македонијо, благодарам за историската победа“, рече Мисајловски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ