среда, 13 август 2025

Мираковски: Се работи на проектирање на зградата на Факултетот за медицински науки во Штип

Реномирани компании од Обединетото кралство работат на проектирање на објектот на Медицински факултет и студентскиот дом во Штип. Ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски вели дека согласно последните информации од Владата, со британскиот договор, предвидено е најпрво да се доизгради Клинички центар, а потоа изградба на зградата на Факултетот за Медицински науки и Домот за сместување на студентите. Од УГД се побарани и им се дадени насоки за потребите на наставниот процес.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 5.000 метри квадратни треба да биде зградата на факултетот. Нашите барања беа да бидат опремени со најсовремени системи за симулација и дигитална презентација на физиолошките и патофизиолопките параметри. Тоа се ќе биде вклучено во најсовремена форма. Ќе има училници и нови амфитеатри. Јас вервувам дека тоа целосно ќе го промени нивото на образованието на медицинскиот факултет и сигурен сум дека ќе биде нов концепт на едукација на медицинските кадри“, изјави Мираковски.

Тој посочи дека Факултетот за медицински науки ќе биде на локација веднаш до новата зграда на Клинички центар, а во непосредна близина ќе се гради и студентскиот дом. Но, потенцира дека тоа е надвор од нивната експертиза и ќе го прават архитекти.

„Основната информација е дека ќе има 200 легла, ќе ги има сите потребни капацитети за конфор на студентите, кантини, ресторани, паркинг, се што е потребно ќе биде вклучено во проектот“, рече Мираковски.

Во моментот се работи на допроектирање, со цел да се добие еден поврзан, добро уреден и корисен простор, а по завршување на постапката ќе се знае и финансиската конструкција. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ