„Минско-експлозивните средства од касарна ‘Ѓорче Петров’ до армискиот полигон ‘Криволак’ ќе бидат транспортирани со товарни возила-камиони на АРМ каде во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал, од страна на полициски службеници од Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од АРМ и пиротехничари од Дирекција за заштита и спасување ќе биде спроведено нивно уништување со контролирана детонација“, наведуваат од МВР.
Тоа што ова е прв случај на уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години, како што с епосочува во соопштението, говори дека претходно не била соодветно третирана безбедноста на граѓаните со должна сериозност.
„Денешниот чекор јасно покажува дека со одговорен пристап, вистинска посветеност и професионално раководење, овој сегмент од безбедносниот систем конечно се поставува на ниво какво што одамна требало да биде“, соопштија од МВР.






