Меѓу двете држави досега не се одржувал воздушен сообраќај и се очекува воспоставувањето редовни авиолинии да придонесе за зголемување на економската соработка, туризмот, трговската размена и севкупните билатерални односи.
„Со спогодбата се создаваат либерални и фер услови за работа на авиопревозниците преку поттикнување конкуренција, пониски цени за патниците, како и можност за воведување нови и поквалитетни услуги. Истовремено, спогодбата гарантира највисоко ниво на безбедност и сигурност во воздушниот сообраќај во согласност со меѓународните стандарди. Македонија и Саудиска Арабија негуваат пријателски односи, со заемна заложба за унапредување на економската и трговска соработка, зголемување на инвестициите, како и продлабочување на соработката во повеќе области од заемен интерес“, вели вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Од Министерството за транспорт потенцираат дека склучувањето вакви спогодби во меѓународни рамки претставува важен инструмент за унапредување на поврзаноста меѓу државите и зајакнување на економската, политичка и институционална соработка.
„Министерството за транспорт во следниот период ќе ги преземе сите неопходни активности за почнување на официјалните процедури за регулирање на воздушниот сообраќај во согласност со националните прописи и меѓународните стандарди во областа на цивилното воздухопловство“, се вели во соопштението.






