среда, 1 април 2026

Министерството за односи меѓу заедниците и Здружението на бизнис-жените потпишаа Меморандум за соработка

Со цел активно вклучување на сите засегнати страни во унапредувањето на положбата на жената, зајакнување на општествената кохезија, правичната застапеност и меѓуетничката доверба, како и за економско јакнење на жените преку создавање поволна бизнис-клима и обезбедување системска поддршка за развој и промоција на женското претприемаштво, потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, и претседателката на Здружението на бизнис-жените, Валентина Дисоска, денеска потпишаа меморандум за соработка.

Објавено на

часот

Сподели

Со потпишувањето на меморандумот меѓу Министерството за односи меѓу заедниците и Здружението на бизнис-жените се воспоставува рамка за соработка меѓу двете страни преку утврдување на начелата, областите и активностите од заеднички интерес со цел директен придонес кон спроведувањето и унапредувањето на Охридскиот рамковен договор.

„Преку меѓусебна соработка страните ќе придонесат кон градење односи на заемно почитување, соживот и социо-економско поврзување на заедниците, со посебен фокус на поврзување и зајакнување на жените од сите заедници. Воедно, оваа соработка ќе овозможи дополнително унапредување на правата на жените и нивната социо-економска положба во општеството“, се наведува во соопштението од Министерството за односи меѓу заедниците.

Соработката ќе се реализира во повеќе области од заеднички интерес, меѓу кои: меѓуетничко вмрежување преку креирање економски мостови, зајакнување на пограничните региони, развој на бизнис-соработката преку култура, како и поттикнување на јавниот дијалог.

Предвидено е соработката да се остварува врз основа на заемна комуникација и иницијативи, при што Министерството ќе има улога на институционален покровител на заедничките активности, а Здружението редовно ќе го информира за спроведените активности. Меморандумот за соработка стапува во сила на денот на неговото потпишување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ