Проектот за енергетска ефиканост во јавниот сектор се имплементира преку Проектната единица при Министерството за финансии и преку компонетата „Инвестиции во енергетска ефикасност во објектите од централната власт, односно во здравствените установи и регионалните болници“ со вкупна вредност од 9,21 милион евра се обезбедува финансиска поддршка за реализација на проекти за реконструкција на здравствените установи и регионални болници со мерки за енергетска ефикасност, се појаснува во соопштението на Министерството за финансии.
Како што се додава, во овој циклус успешно се реализирани енергетски ефикасни реконструкции на 15 јавно-здравствени установи низ државата со што се обезбедени подобри услови во здравствениот сектор, а истовремено се обезбедени долгорочни заштеди на енергија.
„Реализацијата на овие инвестиции во здравствените установи придонесуваат кон постигнување заштеди преку намалување на потрошувачката на енергија, намалување на оперативните трошоци на установите и се обезбедуваат поквалитетни услови како за пациентите, така и за нивните вработени“, се истакнува во соопштението.
Министерството за финансии посочува и дека останува посветено на обезбедување стабилна финансиска поддршка и партнерства што носат долгорочни придобивки за заедницата, поттикнувајќи енергетска ефикасност, фискална одговорност и одржлив економски развој.






