понеделник, 15 декември 2025

Министерството за енергетика тврди дека наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини е двојно зголемена

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека 
наплатата на надоместоците за експлоатација на минерални суровини во вториот 
квартал од 2025 година достигна рекордни 260.379.123 денари. Од министерството велат дека ова претставува значително зголемување во однос на истиот период во 2024 година, кога биле наплатени 133.576.534 денари. 
Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Овој успех следи по исклучителните резултати од првиот квартал од 2025 година, кога беа наплатени 260.327.223,00 денари, што е повеќе од двојно во споредба со 110.576.324 денари во првиот квартал од 2024 година. Збирно, за првите шест месеци од 2025 година, Министерството оствари наплата од над 500.000.000 денари, што е историски успех во управувањето со природните ресурси на Република Македонија. Министерството очекува оваа бројка да расте со оглед на фактот дека се испратени опомени до концесионерите што се ште не ја регулирале обврската да го сторат тоа во рокот“, велат од Министерството за енергетика.

Оттаму посочуваат дека овие резултати се директна последица на засилени инспекциски контроли, писмени опомени и санкции, на новиот Тарифник кој ја зголеми висината на надоместоците до 100 отсто, зголемување на надоместокот за користење простор за експлоатација за околу 30 отсто, надоместокот за експлоатација на мермер од пет отсто, зголемување на надоместокот за метални минерални суровини од два на четири отсто како просечното зголемување над 100 отсто за неметалични минерални суровини.

„Овие измени не се однесуваат на енергетските минерали, како јагленот, со цел да се заштитат граѓаните од дополнителен притисок врз цените на електричната енергија. Зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет. Овие средства се инвестираат во изградба и одржување на комунална инфраструктура“, велат од Министерството за енергетика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ