четврток, 22 јануари 2026

Министерство за здравство: Новиот предлог-закон за заштита од пушење предвидува забрана за рекламирање

Јавното здравје пред комерцијалниот интерес – забрана за рекламирање и промоција на тутунски производи, се наведува во денешното соопштение на Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Новиот предлог-закон за заштита од пушење, како што се посочува во соопштението, предвидува целосна забрана за рекламирање, промоции и спонзорства од тутунската индустрија. Овие законски одредби, како што се појаснува, се однесуваат на објави во медиумите, на интернет и на социјалните мрежи, како и на настани, наградни игри, попусти, подароци.

„Лесната достапност и видливоста на производите го зголемуваат бројот на нови корисници, особено меѓу децата и младите, а намалувањето на видливоста е една од најефикасните мерки за превенција. Заштитата на децата е апсолутен приоритет“,  оценува министерот за здравство Азир Алиу во пишаната изјава.

Дополнително, покрај забраната за продажба на малолетни лица, не само на класични цигари, како што се нагласува во соопштението, туку и на сите други никотински производи, со воведува и забрана за јавно изложување тутунски и никотински производи на продажни места, како и за продажба на тутунски и никотински производи во угостителски објекти, спортски и културни објекти и јавни настани.

„Рекламирањето директно влијае врз почнувањето со пушење, особено кај младите. Со овие законски одредби се превенираат прикриените форми на промоција на овие производи. Јавното здравје има предност пред комерцијалниот интерес“, појаснува министерот Алиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ