„Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа што е поврзана со биолошки материјал што во себе содржи генетски карактеристики е предмет на ригорозно нормативно регулирање, како што е Закон за научно истражувачка дејност, Правилник за клинички испитувања, Упатство за начинот на постапување при трансфер и транспорт на биолошки материјали, како и начинот на пакување и обележување биолошки материјали“, се истакнува во соопштението на Министерството за здравство.
Се потенцира и дека во посочениот временски период, законската обврска за чување на оваа документација била 15 години, а од 2018 година наваму, законската обврска за чување на документацијата е 25 години.
„Постапката за транспорт на ткива во тој временски период се состоела од: информирана согласност на семејството, по што следувала одлука од етичка комисија за истражување кај луѓе, за постапката да продолжи со дозвола за извоз на ткива од тогашно Биро за лекови, во кое прецизно се наведува дека ткивото е за научноистражувачка дејност и за кои цели се користи материјалот. Дополнително појаснуваме дека кога се работи за извоз на биолошки материјал, пред да отпочне самата постапка, потребно е меѓу научните институции во земјава и странство, кои бараат одобрени за извоз на биолошки материјал, да постои склучен формален договор – меморандум, каде се наведени и прецизирани детални протоколи согласно денешната регулатива и нормативна рамка – строго определени услови каде прецизно се третира секое постапување со биолошкиот материјал, како и зошто се спроведува истражувањето, децидно да биде наведено постапувањето со биолошкиот материјал, како што се земањето, транспортот, примањето од установата и натамошното постапување“, се додава во соопштението на Министерството за здравство.






