„Имено, во делот на забелешките што се однесуваат на инспекциските надзори, што се од техничка природа, се дадени насоки до сите подрачни одделенија, овие забелешки во иднина да бидат корегирани. По однос на забелешките што се однесуваат на Одделението за човечки ресурси, во тек е комплетирање на документацијата“, се наведува во соопштението.
Се додава дека во делот на материјално – сметковотствено работење, забелешките се од административно – техничка природа и имајќи предвид дека ДСЗИ од 01.01.2025 година е орган во состав на Министерството за здравство, веќе се преземени мерки за отстранување на констатираните административни забелешки.
„Во однос на постапката за увоз на детски играчки, козметички производи и предмети за општа употреба и забелешката за сертификатите за безбедност што се приложуваат при увоз, веќе се отпочнати иницијални преговори со релевантните чинители за изнаоѓање заедничко прифатливо решение, со цел да се надмине овој проблем“, пишува во соопштението.






