недела, 11 мај 2025

Министерство за локална самоуправа: Со швајцарска помош ИТ опрема за Центрите за развој на планските региони

Во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – 2 фаза, Министерството за локална самоуправа (МЛС) спроведе постапка за набавка на ИТ опрема за сите осум Центри за развој на планските региони. Овој проект, поддржан од Владата на Швајцарија, претставува значајна инвестиција во подобрување на капацитетите на Центрите и нивната способност да обезбедат поефикасен и поквалитетен сервис за граѓаните, велат од МЛС.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во Министерството за локална самоуправа беше извршено примопредавање на опремата, при што директорите на центрите едногласно истакнаа дека таа значително ќе им помогне во обезбедување на побрз и поефикасен пристап до информации, како и голема поддршка во напорите за одржлив развој во сите региони низ земјава.

Набавената опрема, која вклучува преносни и персонални компјутери, монитори, мултифункционални принтери и NAS системи е целосно приспособена на потребите на Центрите за развој на планските региони. Вкупната вредност на оваа донација изнесува 1.295.500 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ