недела, 14 декември 2025

МФ: 16 меѓународни финансиски институции и банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга

Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање  на пректот за брзата пруга од Коридорот 10. Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за финансии достави писмо за барање интерес до 24 финансиски институции. Рокот за одговор беше 7 јули. За реализација на проктот се бараа 1,91 милијарда евра. Барањето за изразување интерес беше испратено до меѓународните финансиски институции и комерцијални банки врз основа на заклучок на Владата. Заедно со барањето до меѓународните финансиски институции и банките беше испратено и образложение за проектот подготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура, а кое исто така беше разгледано од страна на Владата“, соопшти МФ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ