недела, 4 мај 2025

Министерство за финансии: 1.300 тони ориз во стокови резерви

Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии.

Објавено на

часот

Сподели

Во стоковните резерви ќе се складираат 1.300 тони ориз, односно 2.400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка, а за што се потребни околу 100 милиони денари.
Оризот како култура која е од исклучително значење за населението во земјата и погодна за чување како стоковни резерви е опфатен со последните измени и дополнувања на Законот за стоковните резерви.
Стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во Македонија и се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот.
Стоковните резерви ги сочинуваат: пченица, пченка, јачмен, оризова арпа, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства, соопшти Министерството за финансии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ