сабота, 20 декември 2025

Министерство за енергетика: Стартуваше Единицата за техничка поддршка за енергетска транзиција

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини поддржа формирање на Eдиница за техничка поддршка (ЕТП) чија цел е помош во координација на процесот на енергетска транзиција. 

Објавено на

часот

Сподели

ЕТП ќе претставува клучна алка во поврзувањето на сите релевантни чинители: државните институции, јавните претпријатија, приватниот сектор, синдикатите, регулаторните тела и меѓународните партнери.  
„Со формирањето на оваа единица воспоставуваме јасен систем за поддршка на целиот процес, координација, следење и дијалог со сите засегнати страни. Целта е да обезбедиме забрзана и поорганизирана транзиција, со конкретни резултати и со целосна отчетност пред јавноста“, порача министерката Сања Божиновска. 
„Процесот на праведна транзиција е сложен и бара целосна координација, одговорност и заедничка работа. Нашата земја има амбиција да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година и да го напушти јагленот како ресурс за производство на електрична енергија. Но еднакво важно е да се осигураме дека ниту една заедница или поединец нема да биде запоставен,“ нагласи министерката Божиновска. 
ЕТП ќе функционира под надзор на Министерството за енергетика, а во неговиот состав се вклучени експерти од области како енергетика, комуникации и проектен менаџмент. 
„Само преку систематски и транспарентен пристап можеме да ја обезбедиме довербата на граѓаните и поддршката на сите засегнати страни. Формирањето на оваа Единица е чекор напред во градење на силна институционална основа за успешна и праведна енергетска транзиција,“ додаде министерката Божиновска. 
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ