понеделник, 16 март 2026

Министерство за енергетика ги објави списоците на граѓани кои добија право на клима уред

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска информираше дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполниле условите по јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на струја за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уреди.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Списокот на граѓани кои се стекнале со право на поддршка е објавен на веб-страницата на Министерството.

Од 18 март 2026 година до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, каде ќе треба да ги подигнат ваучерите, додека на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е точно наведено која документација е потребна и кој е текот на процедурата за подигнување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ