„Веќе е испратен Инспекторатот на терен и ги чекаме резултатите. Врз основа на тоа, ќе одговориме“, изјави Меџити одговарајќи на новинарски прашање по денешната прес-конференција по презентацијата на проектот за субвенционирање на 200 електрични возила за таксистите.
Жители на скопските општини Аеродром и Лисиче веќе неколку дена од 18 часот протестираат барајќи решавање на проблемот со депонијата Вардариште од каде, како што тврдат, се шири чад и отровна миризба.
Дивата депонија Вардариште деновиве беше и тема меѓу кандидатите за градоначалници на Скопје кои нудеа решенија за надминување на проблемот.
„






