„Во градинарскиот сектор зголемувањето е до 50 проценти, во споредба со првиот квартал од 2024 година. Тоа значи дека навистина како Влада, како министерство се движиме во вистинска насока, да го зголемуваме производството и девизниот прилив во државата“, појасни министерот.
Министерот посочи дека и во другите сектори има зголемување во делот на откупот и пласманот на земјоделските производи.
„Тоа е еден добар параметар, добар показател дека навистина она што го работиме изминативе 10-11 месеци како Влада, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, дава позитивни резултати“, истакна министерот Трипуновски.