петок, 25 април 2025

Министерот Шабан Салиу заврши во 30-дневен притвор за трагедијата во Кочани

Шабан Салиу, актуелниот министер без ресор задолжен за интеграција и имплементација на декадата на Ромите, кој е опфатен со проширување на истрагата за Кочани доби ефективен притвор од 30 дена. Информацијата за МКД.мк ја потврди неговата одбрана. Во притвор одат уште тројца, на шестмина им е проделена мерка куќен притвор, а за 8 мерки на претпазливост од 19-те ново осомничени во истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Салиу беше директор на Дирекцијата за заштита и спасување од 2008 до 2017 односно во периодот кога е отворено кабарето „Пулс“, во објектот кој изгоре во пожарот на 16-ти март.

Актуелниот министер за економија не е опфатен со истрагата, бидејќи досега нема ниту еден доказ дека од него било побарано продолжување на лиценцата на објектот на клубот „Пулс“ во Кочани, информира државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски на денешната заедничка прес-конференција со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој прецизира дека досега е поведена истрага кон 45 физички и три правни лица. Едно од физичките лица во меѓувреме почина и против него истрагата ќе биде прекината. Дополнително, како што кажа, се води истрага и против седум полициски службеници.

Во дополнителната истрага која е проширена се опфатени 19 лица за кои се чекаат одлуки за мерките за обезбедување на присуство во текот на истрагата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ