четврток, 22 јануари 2026

Министерот Сали во Давос: Нови можности за политичките и економските развојни перспективи за земјава

Првиот заменик-претседател на Владата на Македонија и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на самитот во Давос и на средбата на лидерите 2026, значајна платформа за дијалог и глобална соработка.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од кабинетот на министерот за европски прашања, тој учествувал на два тематски панела: едниот „Клима, конфликти и грижа“, каде што биле нагласени важноста на дијалогот и регионалната и меѓународната соработка, и вториот „Балканот – историја, стабилност и иднина“, каде што се дискутирало за регионалните предизвици, европската интеграција и економскиот развој како столбови за мир и долгорочна стабилност.

За време на својот престој Сали оствари средби со политички претставници, бизнис-лидери и со медиумски куќи од целиот свет, при што дискутирале за можности за соработка, партнерства и за политичките и економските развојни перспективи на регионот, со посебен фокус на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ