понеделник, 8 декември 2025

Министерот Муцунски на Блед се сретна со колегите од Словенија и од Словачка

На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерката за надворешни и европски работи на Република Словенија, Тања Фајон и со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка, Јурај Бланар.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во фокусот на разговорите беа регионалната соработка и стабилноста, како и билатералните односи.

„Соговорниците го нагласија силниот потенцијал и подготвеноста за нивно понатамошно продлабочување. На двете средби беше потврдено сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата. Стана збор и за реформските процеси, европските аспирации на нашата држава, предизвиците на тој пат и континуираната поддршка од Словенија и Словачка“, се наведува во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ