„Оваа мерка е донесена со цел заштита на животната средина, животот и здравјето на граѓаните, бидејќи постоечката локација за отстранување на комунален отпад во Никуштак не ги исполнува еколошките стандарди“, се посочува во одлуката на Меџити.
Од МЖСПП појаснуваат дека одлуката е донесена во согласност со законот за државна администрација и законот за животна средина, почитувајќи го принципот на висок степен на заштита и превенција од штетни последици и дека наредбата стапува на сила веднаш.
Министерот поладнево на брифинг со новинарите информираше дека се дадени наредби за контрола на сите депонии во државата и нерегистрирани локации за отпад.






