сабота, 12 јули 2025

Министерот Алиу вети решавање на проблемот со хонорарците во тетовската болница

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во Тетово разговараше си директорот на Клиничката болница околу потребите на установата, како и за проблемот со околу 140-те лица кои се со договор на дело и кои преку протести бараа вработување на неопределено време.

Објавено на

часот

Сподели

„Се информирав од директорот за предизвиците кои ги има, за да може што побрзо да решаваме проблеми, што се акутни, а знаете дека здравствениот систем е голем има такви акутни проблеми и ние ќе треба чекор по чекор да најдеме решенија. Исто така имавме средба со вработените тука работиме на решавање на тој проблем, чинам дека за кратко време ќе имаме решение. Работиме на трансформација и по таа трансформација ќе имаме потреба до нови вработувања, бидејќи тие се витален дел од системот не може да функционира“, истакна Азир Алиу.

Претставниците на медицинскиот персонал истакнаа дека очекуваат да се исполни ветеното од министерот.

„Разговаравме дали ќе се среди нашиот статус за вработување, министерот вети дека ќе има трансформација, во што пократок рок, до предизборниот период, да се среди статусот на сите договорци, без разлика од кој профили се, технички, медицински персонал и администрација да има трансформација на договори на решенија, нови договори не потпишавме, наводно договорите ни биле продолжени ние добивме моментално плата за април месец, чекаме сега и за мај, но не знаеме дали ќе ни стигне“, изјави Лидија Коруноски, ангажирана во администрација на болницата.

Повеќе десетици лица протестираа повеќе денови во кругот на болницата на почетокот на јуни. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ