„Ја информираме јавноста дека Министерството за здравство ја следи состојбата со пожарот во скопско Трубарево. Во постојана координација е со сите надлежни институции. Службите на Министерството се подготвени за навремено постапување во рамки на своите надлежности, во зависност од натамошниот тек на настаните“, соопшти кусо преку мејл Министерството за здравство.
Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со пожарот се зафатени објекти на Ф-Групација која се занимава со електронски отпад.
Пожарот кој избувнал по 13 часот го гасат шест противпожарни возила со над десет пожарникари, специјализирани возила и авион ер-трактор на ДЗС и два хеликоптера (од МВР и од АРМ).
Запалениот електронски отпад претставува сериозна закана за здравјето на луѓето и животната средина бидејќи при горењето се ослободуваат тешки метали како олово жива и кадмиум како и диоксини и фурани кои се сметаат за силно канцерогени соединенија.






