петок, 6 февруари 2026

Минчев: ЗНАМ останува отворенa за сите граѓани што веруваат во чесна, директна и принципиелна политика

СДСМ за мене не беше само партија. Тоа е емоција. Тоа беше државотворна политичка сила во која искрено верував, во која политички растев и се залагав за социјална правда, силни институции и европска Македонија, вели генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Горан Минчев.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ за мене не беше само партија. Тоа е емоција. Тоа беше државотворна политичка сила во која искрено верував, во која политички растев и се
залагав за социјална правда, силни институции и европска Македонија“, изјави Минчев за Фокус.

Тој оценува дека денешниот СДСМ суштински се разликува од тоа каков бил бил во минатото посочувајќи дека во изминатата деценија го изгубил кредибилитетот кај граѓаните поради коруптивни практики, институционален клиентелизам и сериозни отстапки од националниот интерес.

„За жал, СДСМ денес е окупирана партија од актуелното раководство, поточно од двоецот Заев – Филипче, кои се водат исклучиво од лични
интереси. Сѐ додека ова раководство е на чело на партијата, СДСМ не оди кон обнова, туку кон политичка пропаст“, вели Минчев потенцирајќи дека ваквата оценка ја изнесува со политичка одговорност и со жалење имајќи ја предвид историската улога што СДСМ ја имал во државата.

Осврнувајќи се на можноста за евентуално обединување меѓу СДСМ и Движењето ЗНАМ, Минчев е дециден дека такво сценарио не е можно, без вистинско соочување со минатото и преземање јасна одговорност.

„Не можете да се обедините со некого што не се соочил со сопственото минато. Не можете да градите иднина ако старите практики сè уште се бранат, релативизираат или премолчуваат“, истакна тој.

Според Минчев, ова не е прашање на лични односи, суети или политички калкулации, туку исклучиво прашање на принципи.

„Ова е прашање на принципи. А принципите или ги имаш или ги немаш. Тие не се ставаат во заграда кога е тешко, ниту се тргува со нив кога политички одговара“, порача Минчев.

Тој истакнува дека Движењето ЗНАМ е формирано токму како одговор на одбивањето да се прифати корупцијата како „нормалност“ и клиентелизмот како „реалност“, со јасна цел – враќање на моралот, достоинството и одговорноста во политиката.

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија останува отворено за сите граѓани што веруваат во чесна, директна и принципиелна политика, со јасен став
дека без одговорност и суштинска промена нема простор за компромиси со старите практики“, порача Минчев.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ