На седницата, како што се наведува во соопштението на Министерството за јавна администрација, беа презентирани и усвоени Годишниот извештај за периодот од 19 октомври 2024 до 19 октомври 2025, кој ги акцентира постигнувањата во реформите на јавната администрација, како и Буџетот за 2026–2027 година, кој обезбедува континуитет во активностите и поддршката за земјите од регионот.

На состанокот била изгласана Министерската декларација за реформа на јавната администрација, која потврдува заложбата за регионална соработка. Оваа година декларацијата се фокусира на модернизација, дигитализација и унапредување на соработката со земјите членки на ЕУ.
Седницата завршила со предавање на претседателството на Управниот одбор на ReSPA – министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај и министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија, Снежана Пауновиќ.
„Во рамките на оваа значајна регионална иницијатива, министерот Минчев со своето учество повторно ја потврди континуираната поддршка на Република Македонија за унапредување на реформите во јавната администрација, зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во европските административни стандарди“, се додава во соопштението.






