вторник, 17 февруари 2026

Минчев – Ваги од ОЕЦД/СИГМА: Подготовка на клучни законски решенија за реформите во јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска остварил работна средба со Петер Ваги, виш советник во OECD/SIGMA, на која биле разгледани клучните реформски процеси во областа на јавната администрација, со посебен акцент на подготовката на Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите, како и на Закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за јавна администрација соопшти дека на средбата се дискутирало за принципите на професионализација, мерит систем, транспарентност и отчетност во именувањето и управувањето со високите раководни структури во државната управа, како и за потребата од јасно разграничување на надлежностите, унапредување на координацијата и зголемување на ефикасноста во функционирањето на институциите преку новото законско решение за организација и работа на органите на државната управа.

Министерот Минчев ја истакнал важноста од континуираната експертска поддршка од страна на OECD/SIGMA во процесот на подготовка и усогласување на законските решенија со европските стандарди и добри практики.

„Реформата на јавната администрација претставува еден од нашите врвни приоритети. Со Законот за високите раководители поставуваме јасни, транспарентни и професионални критериуми за избор и одговорност на раководниот кадар. Нашата цел е администрација која работи во служба на граѓаните, заснована на знаење, интегритет и резултати“, истакнал министерот.

Од Министерството додаваат дека од страна на претставникот на OECD/SIGMA била изразена подготвеност за натамошна поддршка, со цел обезбедување усогласеност со принципите на добро управување и европските административни стандарди.

„Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување сеопфатни и одржливи реформи, насочени кон јакнење на институционалниот капацитет, департизација и зголемување на довербата на граѓаните во јавните институции“, додаваат од МЈА.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ