вторник, 27 јануари 2026

Минчев: Ставот на ЗНАМ стана државен – без јасни европски гаранции, нема уставни промени

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во гостувањето на „Топ тема“ порача дека учеството во Владата има една цел – да биде коректор на политиките и гаранција дека реформите ќе се спроведуваат во интерес на граѓаните и државата, се вели во соопштението од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„Во Владата влеговме со јасни услови. Првиот и клучен услов беше ДУИ да биде надвор од Владата – како главен кочничар на реформските процеси заедно со СДСМ“, истакна Минчев.

ЗНАМ има активна корективна улога во повеќе чувствителни области: вработувањата во јавната администрација, употребата на дигиталната алатка „балансер“, примената на знамето на етничките заедници и заштитата на државните симболи.

Партијата инсистира на строга примена на законите, транспарентни вработувања и целосно почитување на јавниот интерес.

„ЗНАМ е коректор на начинот на кој се носат и спроведуваат одлуките во јавната администрација. Нема враќање на старите модели и партиските вработувања“, нагласи тој.

Како дел од Владата, ЗНАМ поддржува силен инфраструктурен и капитален инвестициски циклус, јасна динамика на изградба на автопатишта и реална децентрализација на општините со конкретни проекти за граѓаните.

Во однос на националните прашања, Минчев потенцира дека македонските национални интереси не се предмет на трговија.

„Нашиот став за уставните измени и внесувањето на Бугарите стана државен став – без јасни европски гаранции, нема уставни промени“, заклучи Минчев.

Движењето ЗНАМ останува доследно на Националната платформа за обединување и нема да дозволи отстапки што ги загрозуваат државата и националниот идентитет.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ