петок, 8 август 2025

Минчев – Рокас: Евроамбасадорот го поздрави усвојувањето на реформските закони за администрација

Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска на средба со министерот за јавна адмиистрација Горан Минчев го поздравил усвојувањето на реформските закони за администрација како позитивен и охрабрувачки сигнал за посветеноста на државата кон европските стандарди во јавната администрација. Изразил поддршка и за новиот реформски циклус, со јасна заложба за доследна и транспарентна имплементација, во духот на принципите на добро управување.

Објавено на

часот

Сподели

Прес-службата на Министерството за јавна администрација (МЈА) соопшти дека во фокус на средбата на Минчев и Рокас било значењето на неодамна усвоените клучни реформски закони – Законот за административни службеници, Законот за вработени во јавниот сектор, Законот за стручно усовршување и обука на јавните службеници и Законот за инспекциски надзор, како основа за изградба на праведна, професионална и департизирана јавна администрација. На средбата дополнително биле истакнати следните чекори во насока на доследна и ефикасна имплементација на законите, преку транспарентен процес и со силен политички и институционален ангажман.

Министерот Минчев го информирал амбасадорот Рокас и за подготовката на новиот пакет на реформски закони, кој, како што стои во соопштението, ќе го надгради и заокружи процесот на стратешка трансформација на јавната администрација. Станува збор за предлог-законот за систем на плати, предлог-законот за висока раководна служба и Законот за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ).

„Од страна на амбасадорот Рокас, беше поздравено донесувањето на усвоените закони како позитивен и охрабрувачки сигнал за посветеноста на државата кон европските стандарди во јавната администрација. Воедно, беше изразена поддршката и за новиот реформски циклус, со јасна заложба за доследна и транспарентна имплементација, во духот на принципите на добро управување. Министерството за јавна администрација и Делегацијата на ЕУ ја потврдија заедничката заложба за континуирана соработка во насока на одржливи и системски реформи кои ќе овозможат ефикасна, отчетна и граѓански ориентирана јавна администрација“, соопшти Министерството за јавна администрација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ