петок, 20 март 2026

Минчев од Белград: Продлабочена соработка и поефикасна јавна администрација меѓу Македонија и Србија

Соработката меѓу Македонија и Србија во областа на јавната администрација влегува во нова, поконкретна фаза со утврдени активности и јасни механизми за реализација, истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев за време на неговата посета на Белград по средбата со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Снежана Пауновиќ.

Објавено на

часот

Сподели

„Денешната средба претставува значаен чекор во продлабочувањето на институционалната соработка, особено во делот на управување со човечките ресурси, подготовката на јавни политики и развојот на информациските системи“, истакна Минчев, потсетувајќи дека рамката воспоставена со Меморандумот за соработка од 2024 година сега се надградува со конкретни мерки.

Како што соопштија од Министерството за јавна администрација, на средбата меѓу делегациите на двете министерства биле разгледани можностите за унапредување на системот на обуки преку размена на програми, воспоставување мрежа на обучувачи, како и поврзување на дигиталните платформи за е-учење.

„Постигнавме согласност за размена на програми и формирање на заедничка мрежа на обучувачи“, нагласи министерот, додавајќи дека се планираат и студиски посети, како и размена на административни службеници за практично споделување искуства.

За следење на реализацијата на договорените активности ќе функционира и заедничка работна група, чија улога ќе биде континуирана координација и проверка на напредокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ