недела, 14 декември 2025

Минчев: Нашата визија е јасна – силна, професионална и европска администрација

Јавната администрација е крвотокот на државата. Нашата задача е тоа срце да го зајакнеме, да му дадеме нов ритам, европски ритам, ритам кој ќе служи на граѓаните, а не на партиите или тесните интереси. Oва денеска го изјави Горан Минчев, министерот за јавна администрација, кој се обрати на јавната расправа за нацрт ажурираниот Акциски план 2025–2026 на Стратегијата за реформа на јавната администрација (РЈА), што се одржа во организација на министерството.

Објавено на

часот

Сподели

На настанот учествуваа претставници од институциите, граѓанското општество, меѓународните партнери и експерти од СИГМА, а свое обраќање имаше и Баграт Тунијан, раководител на СИГМА во Република Македонија.
Министерот Минчев во своето излагање нагласи дека ревидираните активности се резултат на суштински промени во институционалната и законската рамка, како и на потребата од реално прилагодување на реформите кон новите владини приоритети и препораките од Извештајот на СИГМА од 2024 година.
Минчев ја потенцираше и важноста на консултативниот процес со засегнатите страни, кој резултираше со ревидираниот Акциски план, нагласувајќи дека „реформата не е затворен процес, таа е отворена, директно поврзана со граѓаните, институциите, граѓанското општество и меѓународните партнери.“
Целта на јавната расправа беше да се презентира и дискутира со засегнатите страни за нацрт ажурираниот Акциски план за РЈА, кој ги одразува новите приоритети од владината програма 2024–2028, како и клучните наоди од извештаите за спроведување на стратегијата и процесот на европска интеграција.
„Нашата визија е јасна: силна, професионална и европска администрација, која нема да биде товар, туку двигател на развојот,“ порача министерот Минчев во своето обраќање.
Јавната расправа претставува последниот чекор пред формалното усвојување на ажурираниот Акциски план, кој ќе биде основа за натамошно унапредување на јавната администрација во функција на граѓаните и во согласност со европските стандарди.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ