Посебен акцент бил ставен на имплементацијата на започнатите реформски процеси, професионализацијата на администрацијата, зајакнувањето на системот базиран на заслуги и унапредувањето на квалитетот на јавните услуги за граѓаните.
„Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови во процесот на европска интеграција на државата. Во изминатиот период преземавме значајни законски и институционални чекори, а во следната фаза нашиот приоритет е нивна доследна и ефективна имплементација, со цел изградба на модерна, професионална и департизирана администрација“, истакнал министерот Минчев.
Во фокусот бил и Нацрт-патоказот за реформа на јавната администрација, кој во текот на 2024 и 2025 година беше дополнително усогласуван со Европската комисија, Реформската агенда 2024–2027 и препораките од извештајот на СИГМА. Патоказот, усвоен од Владата во ноември 2025 година, ги дефинира клучните приоритети за модернизација на јавната администрација.
Министерот Минчев нагласил дека партнерството со Европската комисија останува клучно за успешното спроведување на реформите.
„Очекувам дискусиите во Брисел дополнително да го зајакнат партнерството со Европската комисија и да обезбедат континуирана поддршка за реформските процеси, кои се од суштинско значење за напредокот на Македонија на патот кон членство во Европската унија,“ истакна министерот за јавна аминистрација Минчев.






