Целта на колегиумот, како што велат, не е само формална координација, туку суштинско унапредување на размената на информации и добри практики, усогласување на инспекциските постапки, заедничко планирање на активности, како и навремено идентификување и надминување на системските предизвици.
„Очекувам овој колегиум да прерасне во вистинска платформа за стратешки дијалог, каде што ќе се отвораат прашања од заеднички интерес, ќе се предлагаат конкретни решенија и ќе се градат политики кои ќе придонесат за поголема правна сигурност, подобра услуга кон граѓаните и стопанството и зголемена доверба во институциите“, истакнал министерот Минчев.
Министерството за јавна администрација, како што беше нагласено на седницата, ќе остане силен и активен партнер во процесот на реформирање на инспекцискиот систем, со јасна заложба за професионализација на инспекциските служби, унапредување на институционалните капацитети, дигитализација на процесите и доследна примена на законските решенија.
Министерот посочи дека новиот Закон за инспекциски надзор става посебен акцент на планирањето како темел на квалитетен, ефикасен и предвидлив инспекциски надзор.
„Овој закон не претставува само формална нормативна рамка, туку суштинска реформска алатка која поставува нови стандарди на професионалност, одговорност и координација во работењето на инспекциските служби“, нагласил Минчев.






