вторник, 16 декември 2025
Локални избори 2025

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори.

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник на ТВ Сител истакна дека ЗНАМ е задоволен од резултатите и ги оцени како одлични.
„Не би се согласил дека движењето ЗНАМ има пад во гласовите. Напротив – ние ги исполнивме сите свои политички цели. Нашиот резултат не е добар, ниту многу добар, туку одличен,“ – рече Минчев.
Тој нагласи дека ЗНАМ настапи самостојно во 53 општини – што е една третина помалку од вкупниот број општини во земјата – и освои околу 40.000 гласови и 50 советници, бројка што целосно кореспондира со резултатот од парламентарните избори.
„Движењето ЗНАМ се стабилизира на политичката сцена. Граѓаните ги поздравија нашите политики и тоа се гледа по бројките – една третина помалку листи, една третина помалку гласови, ист резултат како на парламентарните избори.“ – истакна Минчев.
На прашањето дали овие бројки ја намалуваат тежината на ЗНАМ во владината коалиција, Минчев одговори: „Апсолутно не! Нашите цели се исполнети. Господинот Максим Димитриевски има убедливо водство во Куманово, а ние сме во втор круг и во општина Центар. Тоа е потврда дека граѓаните имаат доверба во нашите кандидати и политики.“
Минчев потенцираше дека ЗНАМ останува столб на стабилност и коректор во Владата, со сопствени, автохтони политики, и дека партнерството со ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се темели на заемна поддршка и принципиелност.
„Ние не сме само коректор на Вреди, туку и на одредени политики на ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа влада функционираме како едно големо семејство кое учи, расте и создава резултати за граѓаните,“- додаде Минчев.
На крајот тој порача дека Движењето ЗНАМ е најмладата, но и најбрзорастечка политичка сила во Македонија, која ќе продолжи со ист интензитет да ја спроведува својата визија за чесна, праведна и европска држава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ