„Наша обврска кон граѓаните и кон јавноста е да бидеме прецизни и одговорни, и за сработеното и за тоа што следува. 2025 година беше година на суштински, а не козметички реформи во јавната администрација“, нагласи министерот Минчев.
На брифингот беа презентирани клучните законски и институционални реформи, меѓу кои донесувањето на системските закони од областа на јавната администрација, унапредувањето на управувањето со човечките ресурси, јакнењето на капацитетите на административните службеници, дигитализацијата и подобрувањето на транспарентноста и отчетноста на институциите.
На крајот од брифингот, министерот им се заблагодари на медиумските претставници за нивниот интерес, професионалност и континуирано следење на реформските процеси, посакувајќи успешна нова година и продолжување на соработката и отворениот дијалог и во 2026 година. Министерството за јавна администрација уште еднаш ја потврди заложбата за транспарентност, отвореност и партнерски однос со јавноста и медиумите.






