недела, 14 декември 2025

Минатата недела санкционирани 103 непрописно паркирани возила во Центар

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ), во соработка со сообраќајната полиција – Скопје, во периодот од 10 до 17 август со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека мерките ќе продолжат континуирано, при што апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги паркираат своите возила само на пропишаните места.

На тој начин, велат, ќе се овозможи пешаците и велосипедистите непречено да се движат по тротоарите и велосипедските патеки, а возилата безбедно по улиците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ