Конференцијата, како што информираат од собраниската прес-служба, која се одржува на секои пет години, претставува највисока платформа за парламентарна размена и дијалог на глобално ниво, на која ќе се соберат претседатели и високи претставници на националните парламенти од целиот свет. Главна цел на овој значаен собир, како што наведуваат, е зајакнување на парламентарната димензија во меѓународната соработка, промовирање на демократијата, владеењето на правото, мирот и одржливиот развој.
Во рамки на конференцијата предвидени се пленарни дебати, тематски панели, билатерални средби, како и усвојување на заедничка декларација, со која парламентите ќе ги реафирмираат своите заложби за конструктивен придонес во справување со глобалните предизвици.






