четврток, 5 февруари 2026

Милошоски и македонската делегација подготвени за Молитвениот појадок во Вашингтон

Денеска, на 74-от Молитвен појадок во Вашингтон, освен традиционалното обраќање на претседателот на САД, г-н Доналд Трамп, свои излагања ќе имаат и претседателот на ДР Конго – Феликс Чиломбо, државниот секретар за војна на САД – Пит Хегсет, специјалната советничка на претседателот – Паула Вајт, Мајк Џонсон – спикер на Конгресот на САД, Наиб Букеле – претседател на Ел Салвадор, Бил Ли – гувернерот на Тенеси, како и конгресмените Џонатан Џексон и Бен Клајн, објави на својот профил на Фесјбук, потпретседателот на Собранието на Македонија, Антонио Милошоски.

Објавено на

часот

Сподели

„На Молитвениот појадок присуствуваат околу 2.500 гости од САД и од многу држави од светот. Поканети пратеници од Собранието на Македонија, присутни на овој настан, се претседателот Африм Гаши, потпретседателите Антонијо Милошоски и Јован Митревски, како и пратениците Жаклина Пешевска и Петар Марков. Поканети претставници од Владата се министрите Стефан Андоновски и Златко Перински, како и ген.секретар Игор Јанушев“, објави Милошоски во пресрет на појадокот во Вашингтон.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ