недела, 29 март 2026

Мицковски негира распаѓање на коалицијата, за него изјавите на Филипче се хумор и сатира

Апсолутно не се распаѓа коалиција, тоа се изјави од рубрката хумор и сатира, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан да ги коментира изјавите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека владината коалиција со ЗНАМ се распаѓа.

Објавено на

часот

Сподели

„Понекогаш во поинаква рубрика треба да се коментираат неговите изјави – имаше порано хумор и сатира, можеби таму е местото за тие изјави“, изјави Мицкоски.

На директното прашање дали има вистина во тврдењата за распад на коалицијата, премиерот кратко одговори: „Апсолутно не“.

Со ова, Мицкоски ги отфрли шпекулациите за нарушени односи во владејачкото мнозинство, оценувајќи ги како неосновани политички конструкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ