петок, 16 јануари 2026

Мицкоски: Жалам што опозицијата жестоко ги критикува Обединетото Кралство и САД

Јас жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер – Обединетото Кралство, сега ова го прави и кон САД, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за одлуката на Вашингтон да го запре издавањето иселенички визи за 75 земји, меѓу кои и Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на македонската Влада потсети дека Министерството за надворешни работи и трговија даде свој коментар и дека одлуката на САД е поврзана со емигрантските визи.

„Станува збор за емигрантските визи, а не за визи што се за потребите за студирање или туристички посети. Јас мислам дека во деновите што следуваат ќе има добри, пријатни вести за македонските граѓани, а се однесуваат на нашиот стратешки партнер. Но јас жалам што опозицијата, по жестоките и рафални критики кон нашиот стратешки партнер – Обединетото Кралство, сега ова го прави и кон САД. Ќе ве потсетам, не толку одамна, кога беа наметнати трговските тарифи од 35 проценти, истите тие опозициски перјаници, кои јас ги нареков талог на општеството во политиката, поитаа да го навредуваат нашиот стратешки партнер САД, а никаде ги немаше да се извинат кога се нивелира таа ставка на 15 проценти. Во оваа смисла јас би бил внимателен и трпелив и набргу очекувам многу добри вести за македонските граѓани“, изјави премиерот Мицкоски.

За време на денешната посета на Кратово, премиерот потврди дека Владата ја определила квотата за издавање визи за работа на странски државјани во земјата.

„Издадени се визи во сите сектори во кои и досега имаше потреба. Нема некои дополнителни отстапувања. Тоа се секторите што се мапирани од страна на стопанските комори и работодавачите“, изјави премиерот Мицкоски.

Претходно СДСМ упати критика до Владата дека донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјата во 2026 година.

„Одлуката од денеска стапува во сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани, од дури 4.500 лица. Доаѓаат таканаречените економски работници. Иако во Македонија сè уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена. Сè беше подготвено, сега само се реализира планот. Склучија стратешки договор за кој известија британските медиуми, за мигранти, потоа го сменија Законот за странците, со кои ги олеснија условите за доаѓање, престој и работа. Ги скратија процедурите, го продолжија времетраењето на дозволите. Се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, ако има стратешки парнер секако. Донесоа резолуција – декрет за да ѝ забранат на опозицијата да говори за мигранти. Тоа што се подготвуваше, почна“, се наведува во соопштението од СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ