понеделник, 22 декември 2025

Мицкоски запали свеќа на гробовите на загинатите во големата трагедија во Кочани

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска запалил свеќи на гробовите на загинатите деца во големата трагедија по пожарот во дискотеката во Кочани. Ова го објави еден од родителите на загинатите. Од кабинетот на Мицкоски нема никаква официјална информација.

Објавено на

часот

Сподели

„Разбрав дека денеска премиерот бил на гробиштата во Кочани и запалил свеќа на гробовите на нашите ангели. Само тивок и достоинствен чин. За нас родителите, секој кој ќе застане со почит пред болката што ја носиме е пред сѐ човек. Ве молам, не ја злоупотребувајте оваа болка за политика и дневни поени. Болката е наша, а гестот беше човечки. Тоа е доволно“, напиша Тошо Антов на својот фејсбук-профил.

Премиерот Мицкоски досега имал неколку средби со родителите на загинатите по големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. И за овие средби кабинетот на премиерот не објави никаква информација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ