„Лицата со аутизам не се ‘различни од нас’ тие се дел од нас. Тие се наши деца, наши соседи, наши пријатели. Тие се огледало на нашата совест“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Како Влада, додаде премиерот, наша должност е да создадеме општество во кое секое дете ќе има еднаква шанса, а различноста ќе се препознава и почитува како вредност.
„Денес не зборуваме само за свест зборуваме за акција. За подобро образование, за достапни услуги, за достоинствен живот. Да бидеме гласот на оние што често остануваат нечуени. Да покажеме дека силата на една држава се мери по тоа колку се грижи за своите најранливи. 2 Април – Светски ден за подигање на свеста за аутизмот“, истакна Мицкоски во објавата.






