Тој вели дека Владата ќе го прифати секое решение за кое меѓусебно ќе се договорат синдикатите и работодавачите.
„Што се однесува до минималната плата, имаме закон и во целост го почитуваме тој закон. Дали ќе има некое интервентно згоемување надвор од законот, тоа е предмет на дијалог што го водат синдикатите со работодавачите. Знам дека во ноември ќе имаме седница на Економско-социјалниот совет и очекувам тоа прашање да се отвори таму, така што ние како Влада ќе го прифатиме секое решение кое што ќе го договорат работниците и работодавачите“, изјави Мицкоски по свеченоста на која беше одбележана 25-годишнината на Фондот за здравствено осигурување.






