Мицкоски, како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.

„Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел“, посочи Мицкоски.

Мене, додаде, ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет.

-Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва, направи споредба Мицкоски при отворањето на македонскиот клуб.

На присутните на отворањето на клубот на македонско здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија “во Тирана им порача дека македонската држава ќе биде столб на Македонците во светот каде и да се, држава којашто е нивна татковина, држава којашто со отворени раце ги чека да дојдат дома и да бидат заедно со Македонците во Македонија.
Претседателот на Владата, Мицкоски утре ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ кој ќе се одржи во Тирана, Република Албанија.
Како што информираат од владината прес-служба, предвидено е премиерот Мицкоски да се обрати на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“






