Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина“. Време е, вели Мицкоски, реформите и трудот на македонските граѓани да бидат соодветно вреднувани.
„Денес на Минхеската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса ‘Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ’ каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ. Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани“, стои во објавата.

Мицкоски, вчера, на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, како и со холандскиот премиер, Дик Схоф, претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.






