недела, 7 декември 2025

Мицкоски во Брисел на Самит за проширувањето на ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за прв настан од ваков тип на кој со телевизиски пренос во живо ќе се емитуваат обраќањата и дебатите на учесниците на овие, како што наведува Еуроњуз, „револуционерни разговори за иднината на европската интеграција“.

Покрај Мицкоски, на Самитот е најавено и учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на претседателите на Молдавија, Србија и Украина, Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, на премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ и на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ