Тој изјави дека СДСМ се бори само за бизниси, тендери, зделки и профитирање на нечесен начин, а не за интересите на граѓаните, како и дека се гледа нивниот политички крај и соочување со правдата.
„Нивниот дом за кој се борат се бизнисите, тендерите, зделките во четири очи, фабриките за марихуана, желбата да се профитира на нечесен и криминален начин. И знаат дека со секој глас повеќе, со секоја поддршка повеќе за нас, тие се готови, а така го гледаат во очи нивниот политички крај. А политичкиот крај значи и соочување со она од што најмногу се плашат, а тоа е правдата. Сето ова за што ви зборувам, драги мои, можевте да го видите на филмска лента во изминативе две и пол недели од оваа кампања за првиот круг на овие локални избори. Сосема извесно е дека со еден избор одите напред, а со друг се враќаме назад. Сетете се само на оние 7 години кога влада беа СДСМ и ДУИ. Со еден избор се борите за твоето маало, за твојата општина и заедничката иднина, а со другиот се борите за нивните лични интереси. Затоа на овие избори е пресудно и клучно најпрвин да излезете да гласате“, рече Мицкоски.
Тој упати порака за излезеност на 19 октомври и поддршка за градоначалникот, Петар Ружински, за големи проекти и развој на општина Берово.
„Затоа ве замолувам излезете на изборите на 19 октомври за неколку дена од денес, остварете го своето право, затоа направете го вистинскиот избор, а вистинскиот избор, убеден сум длабоко во себе овде во Берово е Петар Ружински. Петар е искрен и домаќин човек кој му треба на Берово – да се направат промени и големи проекти кои ќе ги решат дел од проблемите на овој преубав град на истокот“, заклучи Мицкоски.






